Дома Фудбал Ќе промени ли нешто? Меси повика состанок!

Ќе промени ли нешто? Меси повика состанок!

Изгледа дека управата на Барселона ова лето целосно го изгуби компасот, во клубот има се повеќе незадоволни фудбалери кои сакаат да си заминат, навивачите бараат заминување на сегашната управа.

Меѓутоа, не се само навивачите незадовлни со работата на луѓето во клубот. Лионел Меси пред неколку дена го искажа своето незадоволство, одби да го продолжи договорот, а денес повика состанок со соиграчите и управата на клубот, на кој најмногу се зборувало за лошото работење на управата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ објави дека Меси повикал состанок на кој тој и уште неколку фудбалери се обидувале нешто да променат во финишот од преодниот рок. Аргентинецот е целосно незадоволен од моменталната ситуација во клубот, токму и поради тоа го одолговлекува продолжувањето на договорот.

Сегашниот договор на Меси истекува за неколку месеци, а иако клубот објави дека соработката е договорена, тие информации не беа вистинити. Навивачите се надеваат дека овој состанок конечно ќе промени нешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…