Дома Фудбал Англија Ќе го скрши ли денес Халанд „проклетството“ на Агуеро?

Ќе го скрши ли денес Халанд „проклетството“ на Агуеро?

Манчестер Сити од 17.30 часот гостува кај Ливерпул во 11. коло од англиската Премиерлига, а актуелниот првак веќе има 13 бодови повеќе од тимот на Јирген Клоп со кој минатата сезона до последно коло се бореше за титула.

Новинарите го предупредија стратегот на Сити, Пеп Гвардиола дека најдобриот стрелец во историјата на тимот, Серхио Агуеро никогаш не постигнал гол на „Енфилд“, па сега се поставува прашањето дали Ерлинг Халанд ќе успее да го скрши проклетството.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тоа прашање треба да биде за Агуеро. Не знам што да кажам. Фудбалскиот меч е 11 против 11, теренот е ист.

Ако е тешко да се постигне гол на ‘Енфилд’, тогаш тоа е поради противникот, а не поради теренот, никогаш не сум бил напаѓач на овој стадион, па не знам како е“, вели Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…