Флојд Мејверд повторно е на насловните на спортските медиуми откако откри дека има неколку понуди за борби во УФЦ.
Боксерскиот шампион кој во август оваа сезона се врати од пензија за да го одработи својот 50 меч во кариерата и овој пат тоа беше против УФЦ шампионот Конор Мекгрегор за кого ова беше прв боксерски натпревар во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И двајцата одлично заработија, а се проценува дека Мејведер од оваа борба заработил дури 300 милиони долари. Ирецот го победи со прекин на борбата во 10 рунда без поголеми проблеми, а борбата сруши безброј рекорди. Иако се споменуваше реванш, Мејведер барем за сега нема намера да се врати од пензија. Мејведер сега потврди дека има понуда за своја прва ММА борба.
„Кога би сакал да заработувам би можел веднаш, имам побуди да се борам во УФЦ.Можам да се борам и во октагон. Можам да ви потврдам дека има можност за договор од три-четири борби од кои би доби милијарда долари. Запаметете јас сум Флојд Мани Мејведер и вие ме сакате“, изјави Флојд.