Дома Фудбал Останато Ќерката на Пеле: Поминуваме моменти на тага и очај

Ќерката на Пеле: Поминуваме моменти на тага и очај

Бразилската легенде Пеле веќе цел месец е хоспитализиран во болницата „Алберт Алјнштајн“ во Сао Паоло. Неговата состојба не се подобрува откако ракот прогресираше.

Пред една недела од болницата беше објавено дека Пеле е во тешка состојба и потребна му е константна нега. Најстарата ќерка на Пеле, Кели Насименто се огласи и објави дека поминуваат низ тешки моменти.


    Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


    „Поминуваме низ моменти на тага и очај, но Пеле постојано ни кажува дека треба да бидеме заедно и да се сеќаваме на убавите моменти.

    Од една страна е тешко, но од друга смешно зошто се потсеќаме на се убаво што ни се случуваше во животот. Тоа што го научивме е дека мора да сме сите обединети“, изјави Кели.

    Пеле има 82 години, а лани се оперираше од туморот на дебелото црево, а потоа ситуацијата се влоши откако му се врати опасната болест.

    Коментари
    Прочитајте поврзани статии
    Load More In Останато

    Проверете

    Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

    Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …