Дома Трансфер зона Њукасл спремен да плати 55 милиони евра за дефанзивецот на Манчестер Сити

Њукасл спремен да плати 55 милиони евра за дефанзивецот на Манчестер Сити

Tимот на Њукасл би можел сериозно да се засили летово, а според последните информации ово клуб е сериозно заинтересиран за дефанзивецот Аке од Манчестер Сити.

Еди Хау го преземе Њукасл откако Саудијците влегоа во клубот и со фантастичен втор дел од сезоната со засилувањата кои пристигнаа во јануари Њукасл најави одлична наредна сезона. Ќе се работи и во текот на летото кога се очекува да пристигнат енкои нови имиња. „Дејли Мејл“ пренесува дека Њукасл за Аке може да плати 55 милиони евра и дека платата на фудбалерот не е проблем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Манчестер Сити Аке заработува околу 80.000 фунти и таква плата може да очекува и на „Сент Џејмс Парк“.

Аке пристигна во Сити пред две години од Борнмаут за 45 милиони евра. За тимот на Гвардиола има само 40 настапи, а „Дејли Мејл“ тврди дека и за самиот Аке Њукасл е интересна опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…