Дома Фудбал Англија Љубовта кон матичниот клуб нема граници

Љубовта кон матичниот клуб нема граници

Манчестер Јунајтед вчера потврди дека Ромелу Лукаку е нов напаѓач на оваа екипа, што значи дека легендарниот Вејн Руни ќе го напушти „Олд Трафорд“ ова лето.

Руни во минатата сезона не имаше многу простор за игра, бидејќи Жозе Мурињо не сметаше премногу на него. За заминувањето на капитенот на „црвените ѓаволи“ се шпекулира веќе неколку месеци, а со доѓањето на Лукаку во Јунајтед стана јасно дека повеќе нема место во овој тим за Руни.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој искусен напаѓач речиси сигурно ќе се врати во својот поранешен клуб каде што и ја започна својата кариера – Евертон. Англиските клубови вчера објавија дека клубовите се договориле и дека остана само Руни да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор.

Она што ги воодушеви навивачите на Евертон е тоа што Руни се согласил на многу помала плата. Руни во Јунајтед неделно заработува неверојатни 300,000 фунти, но одлучил да ја прифати понудата на Евертон за двојно помала плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година…