Дома Фудбал Останато „Љубовно“ писмо на Адебајор до Реал: Марсело е луд, Рамос го учев англиски – најдобрите шест месеци!

„Љубовно“ писмо на Адебајор до Реал: Марсело е луд, Рамос го учев англиски – најдобрите шест месеци!

adebayor

Напаѓачот од Того зборуваше за своето време поминато во дресот на „кралевите“.

Емануел Адебајор е еден од оние фудбалери кои никого не оставаат рамнодушен. Сега тој во разговор со новинарите на „Марка“ детално објасни со кого најдобро се сложувал во сезоната 2010/2011 кога настапуваше за Реал Мадрид и зошто тој период ќе го памети по добро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Таму бев шест месеци, но тоа беа најдобрите шест месеци во мојата кариера. Тоа е искуство за кое со задоволство ќе им раскажувам на моите деца“, започна Адебајор.

Потоа беше запрашан за неговиот однос со Кристиано Роналдо.

„И понатаму имаме добар однос. Повремено си разменуваме пораки. Крис е некој кој секогаш работи на себе, останува последен на тренинг. Покрај тој е и одличен човек, истото можам да го кажам и за Марсело. Марсело е најзабавниот фудбалер со кој сум играл. Секогаш се шегува и се смее. Таков е на теренот, но и надвор од него, тоа е неговиот животен стил“.

Како навивачите те засакаа за толку краток период?

„И јас понекогаш тоа се прашувам. Навистина не знам. Истото ми се случи во Турција. Можеби затоа што го сакам животот и се смеам. Покрај тоа што сме фудбалери и ние сме луѓе. Зошто да не шириш среќа доколку си во можност“.

Серхио Рамос?

„Често пати заедно одевме во теретана. Сакаше да зборува англиски, само тогаш не беше баш добар. Сега подобар. Јас го учев англиски, а тој мене шпански. Мило ми е поради сите нив, гледам дека добро им оди“.

За крај Адебајор зборуваше за Жозе Мурињо.

„Се сложувавме навистина добро, ме научи многу. Секогаш се шегуваше со нас во соблекувалната, а потоа пред новинарите беше поинаков. Не знам што му се случи, беше поинаква личност. Се промени. Од него научив да бидам професионалец, ми всади победнички менталитет. Покрај него научив да не доцнам на тренинзите. Понекогаш со часови ми објаснуваше на видео снимки што морам да поправам, тоа навистина го ценам. Го сакам како тренер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…