Дома Останати Кошарка НБА Јута го сруши шампионот, Вестбрук ги предводеше Лејкерси до победа 🎥

Јута го сруши шампионот, Вестбрук ги предводеше Лејкерси до победа 🎥

И во изминатата вечер во НБА лигата имаше возбдувања, а се одиграа пет натпревари.

Кошаркарите на Јута беа неочекувано поразени од Чикаго, но сегаи м се вратија на победите откако вчера славеа против Милвоки со 107:95. Мичел ја предводеше Јута со 28 поени и за нив тоа беше петта победа оваа сезона. Одличен натпревар одигра Конли кој стигна до 20 поени, Руди Гобер броеше до 19. Во редовите на актуелниот шампион Антетокумпо беше најефикасен со 25 поени.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Лејкерси предводени од Вестбрук стигнаа до победа дома против Хјустон. Натпреварот Вестбрук го заврши со 20 поени и 9 асистенции, Ентони Дејвис удрли 16 поени.

Во натпреварот кој се играше Далас на крилата на Дончиќ оствари триум против Сакраменто со 105:99. Словенечката ѕвезда уфрли 23 поени, додаде 10 асистенции и осум скока, за малку не оствари трипл-дабл. Меѓутоа се истакна и со една тројка од скоро половина терен. Расположен за игра беше Хардвеј Јуниор со 16 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Далас – Сакраменто 105:99, Шарлот – Портланд 125:113, Милвоки – Јута 95:107, Бруклин – Детроит 117:91, Лејкерси – Хјустон 95:85.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Јувентус се засилува од Милан

Италијанските медиуми пишуваат дека Лука Јовиќ во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Ми…