Манчестер Јунајтед е последниот гигант кој се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре, пренесуваат медиумите на Островот.
24-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на Манчестер Сити и Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот од „Олд Трафорд“ го сака Траоре поради неговата поливалентност бидејќи може да игра како крило, но и како централен напаѓач.
Меѓутоа Јунајтед има силна конкуренција за неговиот потпис бидејќи за Траоре силен интерес покажуваат Сити, Ливерпул и Баерн Минхен.
Договорот на Траоре со Волвс истекува после три години, што значи дека неговата цена е многу висока во моментов.