Дома Топ вести Јунајтед плаќа 125 милиони за две ѕвезди на Ајакс

Јунајтед плаќа 125 милиони за две ѕвезди на Ајакс

Манчестер Јунајтед испратил втора понуда за дефанзивецот на Ајакс, Лисандро Мартинез од 50 милиони евра, пренесуваат медиумите на Островот.

Ајакс веќе одби една понуда од „црвените ѓаволи“ за Аргентинецот за кого силно е заинтересиран и Арсенал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Новата понуда на Манчестер Јунајтед се приближува до барањата на Ајакс. Медиумите тврдат дека самиот играч преферира преселба на „Олд Трафорд“ бидејќи сака да продолжи да работи со Тен Хаг.

„Црвените ѓаволи“ ги продолжуваат преговорите и за друга ѕвезда на Ајакс, Ентони. Вчера Ајакс ја одби понудата од 60 милиони евра, но се очекува наскоро Јунајтед да испрати нова понуда.

Медиумите на Островот тврдат дека Јунајтед за двете ѕвезди на Ајакс ќе плати вкупно 125 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…