Дома Фудбал Англија Јунајтед од Мурињо прави Фергусон: Спремен договор каков никој тренер не добил!

Јунајтед од Мурињо прави Фергусон: Спремен договор каков никој тренер не добил!

Во последните неколку денови најугледните англиски медиуми пренесуваат дека челниците на Манчестер Јунајтед се спремни да му понудат на Жозе Муроњо нов договор, и тоа не обичен договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Мирор“ тврди дека раководството на Јунајтед сака да го „врзи“ Португалецот со нов десетгодишен договор.

Иако „црвените ѓаволи“ имаа лош старт на сезоната, сепак Јунајтед во Мурињо гледа долгорочно решение и е сигурен дека „Специјалниот“ ќе го врати клубот на старата слава.

Интересно, Мурињо пред Јунајтед предводеше шест клубови, со сите оствари одлични успеси, но во ниту еден не се задржа повеќе од три години. Исто така и кога пристигна во Јунајтед потпиша тригодишен договор.

Иако неговото семејство живее во Лондон, а тој во хотел во Манчестер каде навивачите секојдневно му досадуваат, сепак Португалецот е задоволен на „Олд Трафорд“ и е спремен да остане тука уште долги години.

Челниците на Јунајтед сакаат од Мурињо да направат нов Фергусон, бидејќи во него гледаат долгорочно решение и политиката на клубот е да не менува често менаџери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…