Раководството на Манчестер Јунајтед започна преговори со претставниците на Пол Погба за продолжувње на соработката, пренесува „Скај Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Погба влегува во последната година од договорот, а во неколку наврати изминатите месеци неговиот агент Мино Раиола лично ги подгреваше шпекулациите за трансфер.
Манчестер Јунајте седна на преговарачка маса и сака да го задржи Французинот, но ситуацијата е таква, ако не стави потпис на нов договор, тогаш клубот ќе го продаде.
Погба следното лето може да замине без обештетување, а Манчестер Јунајтед сака да избегне такво сценарио и ова лето да се реши иднината на играчот.
Манчестер Јунајтед пред неколку месеци ја активираше клаузулата за продолжување на договорот за 12 месеци, кои истекуваат следната година.