Дома Фудбал Англија Јунајтед го имал Иско во рака – но скаутите го отпишале поради глупава причина!

Јунајтед го имал Иско во рака – но скаутите го отпишале поради глупава причина!

Шпанецот не пристигна на „Олд Трафорд“, иако неговите партии биле многу добри.

Важниот играч во играта на шампионот на Европа е Иско, играч за врска на кој Зидан се повеќе се потпира. Фудбалерот само минатата година на 42 натпревари постигна 11 гола и забележи десет асистенции.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во Реал пристигна 2013. година од Малага, а многу лесно би можело да се случи Иско да пресели во редовите на Манчестер Јунајтед. Всушност, Шпанецот го прателе скаутите од „Олд Трафорд“, но на крајот било донесена одлука дека сепак не го сакаат и тоа поради бизарна причина.

„Добар е, но не е доволно брз и главата му е премногу голема во однос на телото“, било објаснувањето кое го пренесува ЕСПН.

Затоа, сега Иско е дел од најверојатно најдобриот среден ред во светот со Лука Модриќ, Тони Крос, Касемиро.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…