Дома Фудбал Англија Јунајтед без Мата до крајот на сезоната!

Јунајтед без Мата до крајот на сезоната!

Манчестер Јунајтед доби нов „удар“ во борбата за пласман во Лигата на шампиони, откако денес и официјално остана без Хуан Мата.

Мата поради повреда и операција на препоните ќе го пропушти остатокот од сезоната, потврди денес клубот од „Олд Трафорд“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тоа е додатен проблем за Жозе Мурињо пред мечот со ВБА бидејќи поради суспензија нема да може да смета на Ибрахимовиќ и Ерера.

Покрај тоа проблем со повреда имаат уште и Фил Џонс и Крис Смолиг, а сигурно нема да игра ни Пол Погба.

Иако на почетокот на сезоната се шпекулираше дека за Мата нема да има место во тимот, сепак Шпанецот беше еден од клучните фудбалери кај „црвените ѓаволи“, со деет гола и шест асистенции во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…