Дома Фудбал Италија Јувентус ја претстави новата „осумка“

Јувентус ја претстави новата „осумка“

Арон Рамзи ова лето пристигна во Јувентус како слободен агент од Арсенал и потпиша 4-годишен договор со „старата дама“.

Велшанецот денес и официјално беше претставен во италијанскиот шампион, каде ќе го носи дресот со број 8.

„Работам напорно заедно со останатите за да бидам спремен што е можно побрзо. Кога слушнав за интересот на Јувентус помислив дека ќе биде остварување на сонот за дојдам тука, но во исто време и голем предизвик. Тука сите ме примија многу добро. Разговарав со Маурицио Сари и немам трпение да почнам да играм со овој дрес. Моментално се рехабилитирам од повредата и не знам дали ќе можам да одам на турнејата во Азија со тимот“, изјави Рамзи.

„Сакам да бидам во центарот на играта, да постигнувам голови и да асистирам. Заедно со тренерот ќе процениме каде ќе можам да бидам најмногу од корист за тимот. Ќе го носам дресот со број 8, знам дека го носеле големи шампиони како Маркизио. Ако постигнам колку што постигна тој, ќе бидам горд. Спремен сум за новиот предизвик“, додаде Велшанецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рекоба: Барселона сакаше да ме доведе во 2002 или 2003 година

Поранешниот играч на Интер Алваро Рекоба во интервју за шпанска „Марка“ откри некои детали…