Дома Трансфер зона Јувентус ја одреди цената за Де Лихт

Јувентус ја одреди цената за Де Лихт

Раководството на Јувентус е загрижено бидејќи добиле информации дека агентот Мино Раиола го предложил својот клиент Матијас де Лихт на неколку европски гиганти.

Мино Раиола веќе крои планови да му најде нов клуб што поскоро и на лето Холанѓанецот да направи голем трансфер.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Менаџерот неодамна и јавно потврди дека дефанзивецот сака да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

На „старата дама“ воопшто не и се допаѓа таквата ситуација и донесе одлука да го продаде дефанзивецот на крајот на сезоната.

Италијанскиот клуб е спремен да слушне понуди од заинтересираните клубови, но нема да го продаде за сума помала од 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …