Дома Трансфер зона Јувентус ја „краде“ најголемата желба на Манчестер Јунајтед

Јувентус ја „краде“ најголемата желба на Манчестер Јунајтед

Јувентус ја одложуваше реконструкцијата на стоперската линија, но на „бјанконерите“ им е потребно барем едно сериозно засилување во одбраната.

Бразаљи оди пензија, Киелини има уште една година од договорот и прашање е дали ќе продолжи после тоа, во четвртата деценија од животот влезе и Бонучи, а единствен млад стопер е Ругани со кој Јувентус вчера официјално го продолжи договорот до 2023 година иако Алегри досега немаше премногу доверба во него.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Планот на Јувентус е да се доведе еден сигурен и искусен стопер и уште некој помлад. Веќе го обезбедија Ромеро за 20 милиони евра од Џенова, но тука нема да биде крајот.

Прва мета беше Матијас Де Лихт од Ајакс, но тој е нереална мета затоа што за него изгледа трката ја доби Барселона. Варан изгледа е недоприлив во Реал. Многу пореални се опции како Манолас, Савиќ или најновото име на листата Тоби Алдервилд.

Јувентус сериозно размислува за активирање на откупната клазула за 30 годишниот Белгиец. Тој на лето влегува во последната година од договорот и може да го напушти Тотенхем за 30 милиони евра. Не сака да ја продолжи соработката затоа што со „петлите“ не може да се бори за трофеи.

Алдервајлед веќе долго време се поврзува со трансфер на „Олд Трафорд“, но италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е спремен да го „украде“ играчот пред носот на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…