Бразилскиот играч за врска Даглас Луиз (26) минатото лето пристигна од Астон Вила во Јувентус за 51,5 милиони евра. Тој одигра одлична сезона во Премиер лигата во Астон Вила. На 35 настапи постигна девет гола и забележа пет асистенции и одигра 3.002 минути. Се очекуваше дека ќе продолжи со добар фудбал во Јувентус, но моментално е далеку од своите најдобри изданија.
Луиз досега има осум настапи за тимот на Тиаго Мота, но ниту еден од првата минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус неочекувано одигра 1:1 против Каљари во Торино, а на крајот од натпреварот Луиз со несмасен фаул направи пенал, од кој гостинот доби бод. Tутоспорт пишува дека Мота не се сомнева во техничките квалитети на повремениот бразилски интернационалец.
Проблемот е во интензитетот на неговата игра, бидејќи Мота бара високо темпо и многу трчање во двата правци од сите играчи. Луиз се уште не може да го исполни ова, па затоа е во втор план.
Јувентус ќе му даде време до зимата, по што ќе одлучи за неговиот статус. Според Трансфермаркт, Даглас Луиз вреди 75 милиони евра, а беше играч и на Манчестер Сити, Џирона и Васко де Гама.