Јувентус е во потрага по засилување во нападот, а најновото име на списокот е „узбекистанскиот Меси“,Елдор Шомудоров.
Шомуродов минатото лето пристигна во Серија А кога Џенова го откупи од руски Ростов за 7.5 милиони евра. Сезонава одигра 12 натпревари за Џенова и постигна два гола меѓутоа остави прилично добар впечаток.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Бјанконерите“ бараат шпиц кој ќе биде алтернатива на Мората и Дибала, па веќе стапиле во контакт со Џенова со која имаат одлични односи.
Можно е Узбекистанецот да се пресели во Торино на позајмица до крајот на сезоната со задолжителен откуп за 15 милиони евра плус бонуси.