Јувентус имал средба со агентите на играчот на Рома, Лоренцо Пелегрини и рзговарале за евентуален негов трансфер во Торино, пренесуваат италијанските медуми.
Пелегрини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а во договорот има откупна клаузула од 25 милиони евра, која „бјанконерите“ се спремни да ја платат.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа, агентите изразиле сомнеж за евентуален трансфер бидејќи сметаат дека конкуренцијата во Јувентус е голема и дека 21-годишниот играч за врска нема да добива голема минутажа.
Од друга страна Рома е блиску до трансфер на Брајан Кристанте од Аталанта, што значи дека конкуренцијата кај „волчицата“ ќе биде многу поголема.
Преговорите помеѓу двете страни ќе продолжат и закажана е нова средба во понеделник, се чека само ДА на фудбалерот, бидејќи Јувентус е спремен да ја плати откупната клаузула.