Дома Трансфер зона Јувентус спреми понуда за Киеза која не се одбива

Јувентус спреми понуда за Киеза која не се одбива

Летниот трансфер период се ближи, а поради пандемијата со коронавирус ова лето ќе бидеме сведоци на многу трами.

Јувентус не се откажува од намерата да го донесе еден од најголемите италијански таленти, Федрико Киеза и веќе спрема понуда која Фиорентина тешко ќе може да ја одбие.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фантастичниот Киеза е приоритет број еден за Јувентус и „старата дама“ е подготвена да понуди дури четворица фудбалери.

„Бјанконерите“ имаат намера да ги испратат дефанзивците Кристијан Ромеро и Даниеле Ругани во Фиренца, како и голманот Матија Перин и левиот бек Пелегрини.

22-годишниот Киеза оваа сезона повторно блеска и на 26 меча постигна 7 гола и запиша 5 асистенции.

Останува да видиме како Фиорентина ќе реагира на оваа понуда, а клучна улога може да одигра Матија Перин бидејќи „виолетовите“ се силно заинтересирани за голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…