Дома Трансфер зона Јувентус продаде напаѓач за 18 милиони евра, а ќе го доведе братот на фудбалерот на Интер

Јувентус продаде напаѓач за 18 милиони евра, а ќе го доведе братот на фудбалерот на Интер

Како што стојат работите, Јувентус го продаде својот напаѓач, Моизе Кин во редовите на Фиорентина.

Фиорентина ќе го добие Кин за сума од 13 милиони евра, плус пет како бонуси. Овие пари се очекува „старата дама“ да ги вложи во Кефрен Турам од редовите на Ница.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Во изминатата сезона Кин не постигна ниту еден гол во дресот на Јувентус, па затоа и неговото заминување е очекувано.

Инаку, Кефрен Турам е брат на напаѓачот на Интер Маркус Турам, нивни татко е легендата Лилијан.

Од договорот со Ница, Кефрен има уште една година, па така се очекува Ница да го пушти за слична сума помеѓу 18 и 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Арсенал го откупи Давид Раја

Арсенал денес и официјално потврди дека го откупил договорот на шпанскиот голман Давид Реј…