Дома Топ вести Јувентус почна преговори со Раиола за враќање на Погба

Јувентус почна преговори со Раиола за враќање на Погба

Ѕвездата на на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го напушти клубот како слободен играч на лето.

Јувентус веќе стапил во контакт со Мино Раиола за да ги започне преговорите за враќање на Погба во Торино, пренесува трансфер експертот Руди Галети.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Договорот на Французинот со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната и тој е слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Интересот на Јувентус за Погба не е тајна, но сега „бјанконерите“ го започнале преговорите со Раиола за да го вратат Французинот во Торино.

28-годишниот играч за врска својата фудбалска афирмација ја доживеа во Јувентус, каде настапуваше од 2012 до 2016 година, кога на 178 меча постигна 34 гола.

Погба потоа се врати во Манчестер Јунајтед за 100 милиони евра, но не успеа да го покаже полниот потенцијал на „Олд Трафорд“ и одбива да го продолжи договорот, па на лето ќе биде слободен агент.

Покрај Јувентус, силен интерес за неговиот потпис покажува уште ПСЖ, додека Реал Мадрид се откажа од трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер го „краде“ засилувањето на Манчестер Сити

Интер е силно заинтересиран за младиот стопер Џума Бах, кој моментално настапува за Ваљадо…