Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи изјави дека Андреа Пирло ќе остане на кормилото на „старата дама“ под еден услов.
Јувентус игра лоша сезона и го доведе во прашање пласманот во Топ 4, па медиумите шпекулираат дека на крајот на сезоната Пирло сигурно ќе добие отказ.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Сепак, Паратичи тврди дека доколку „бјанконерите“ обезбедат пласман во Лига на шампиони за следната сезона,Пирло сигурно ќе остане на кормилото.
„Доколку обезбедиме пласман во ЛШ за следната сезона, Пирло сигурно ќе остане на клупата на Јувентус“, истакна Паратичи.
Сепак, прашање е дали со оваа изјава само сака да го трге притисокот во клучните натпревари или ја кажува вистината.