Дома Топ вести Јувентус откри: Роналдо самиот се понуди и инсистираше на трансферот!

Јувентус откри: Роналдо самиот се понуди и инсистираше на трансферот!

Вчера и официјално беше потврден историскиот трансфер на Кристиано Роналдо во Јувентус.

Официјално најдобриот фудбалер на светот после 9 години го напушти Реал Мадрид, а генералниот директор на „старата дама“, Бепе Марота потврди дека Роналдо самиот му се понудил на Јувентус.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Кристиано Роналдо самиот му се понудил на Јувентус, а акционерите на клубот дале зелено светло за исторскиот трансфер.

„Среќен сум, многу сум среќен. Најзаслужни за оваа зделка се самиот играч и акционерите на Јувентус. Роналдо беше првиот кој веруваше во ова, тој го иницираше првиот потег. Го избра Јуве, и кога разбравме дека можеме да ја искористиме оваа шанса, акционерите на клубот се сложија да ја поддршат зделката“, откри Марота.

Денес се огласи и тренерот на „бјанконерите“ Макс Алегри кој е пресреќен што ќе може да работи со Роналдо.

„Доаѓањето на Роналдо е салто во квалитет за сите. Ова е нешто неверојатно не само за Јувентус, туку и за целата италијанска лига“, истакна Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …