Дома Трансфер зона Јувентус од Сити ја носи замената за Бонучи

Јувентус од Сити ја носи замената за Бонучи

Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесува „Тутоспорт“.

Јувентус сака да ја засили одбраната и да донесе наследник на Бонучи, а новиот спортски директор на врвот на листата желби го стави Емерик Лапорт.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец го загуби местото во стартниот тим кај Гвардиола, не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.

„Граѓаните“ исто така сакаат да го продадат, за да можат да ослободат место за доаѓање на Гвардиол, па за неговата слобода бараат 20 милиони фунти.

Јувентус наводно е спремен да ја плати таа сума и наскоро ќе започне преговори со агентот на Лапорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…