Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ја одбил можноста да го донесе плејмејкерот на Арсенал Месут Озил, пренесуваат италијанските медиуми.
Германецот иако неодамна потпиша нов договор со Арсенал е во потрага по нив клуб бидејќи не е задоволен од својот статус на „Емирати“. Озил веќе пет натпревари со ред е надвор од тимот на Емери, а тоа го натерало да размислува за трансфер во јануари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Италијанските медиуми пренесуваат дека агентите на Озил стапиле во контакт со претставници на Јувентус и му понудиле евентуален трансфер.
Меѓутоа, „бјанконерите“ веднаш ја одбиле можноста да го привлечат Озил, а основната причина е големата плата на плејмејкерот, кој неделно заработува 350.000 фунти на „Емирати“.
Сега Озил е во потрага по нов клуб, но нема многу заинтересирани клубови кои се спремни да му даваат толкава плата.
https://youtu.be/yFNJNCxmKAc