Дома Фудбал Италија Јувентус и плати 40 милиони евра на Фиорентина

Јувентус и плати 40 милиони евра на Фиорентина

Јувентус ја активираше клазулата и Федерико Киеза повеќе не е на позајмица во Фиорентина.

Италијанскиот репрезентативец се придружи на „старата дама“ како позајмен играч во 2020 година со можност за откуп на неговиот договор на крајот од оваа сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според пишувањето на медиумите на Апенините еден од условите за траен откуп на неговиот договор е пласманот во Лигата на шампионите. Јувентус место во топ 4 обезбеди на три кола пред крајот на шампионатот.

За позајмица на Киеза Јувентус плати 10 милиони евра и ќе плати дополнителни 40 милиони евра за неговиот откуп да биде траен. Овој 24-годишник постигна 18 голови на 61 натпревар за Јувентус. Во овој момент Киеза е надвор од терените поради тешката повреда на коленото.

На три кола пред крајот Јувентус е четврти со 69 бодови, еден помалку од третопласираниот Наполи, шеест помалку од Интер и осум помалку од водечкиот Милан. Лацио и Рома на петтата и шестата позиција заостануваат 10 бода зад Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чудо над чудата: Мароко го освои светското првенство! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Мароко триумфираа против Аргентина со 2:0 во финалето на Светското првенств…