Напаѓачот на Каљари, Хан Кванг Сон е на мета на екипата на Јувентус.
„Старата дама“ никогаш во своите редови немала играч од Северена Кореа, но тоа би можело да се промени во наредниот период, бидејќи италијанскиот шампион покажува интерес за 18 годишниот Хан.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тој оваа година пристигна во Каљари и стана првиот Севернокореец во Италија, а воедно и првиот играч од таа зејма кој постигнал погодок.
Оваа сезона тој ќе настапува како позајмен фудбалер за екипата на Перуџа во Серија б и во првите два настапи постигна четири погодоци.
Со оглед на тоа дека е исклучително талентиран, освен Јувентус, го следат и уште неколку англиски клубови.