Иако Челзи понуди 65 милиони евра и медумите тврдеа дека Алекс Сандро е блиску до „Стенфорд Бриџ“, сепак во трката за Бразилецот се вклучи и Пари Сент Жермен.
„Светците“ би можеле да му ги расипат плановите на Конте бидејќи имаат примамлива понуда за „бјанконерите“.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Имено, ПСЖ е спремен покрај кеш на Јувентус да му ги понуди и десниот бек Серж Орие како и играчот за врска Блас Матуиди.
Јувентус е заинтересиран за двајцата фудбалери. Орие би можел да биде замена за Дани Алвеш, а особено погодно за „бјанконерите“ е што има европски пасош.
„Старата дама“ преговара за Данило од Реал Мадрид, но во тој случај ќе ја потполни квотата за играчи надвор од ЕУ и нема да има простор за Даглас Коста.
Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ја преферира понудата на ПСЖ во споредба со онаа од Челзи.