Дома Фудбал Италија Јувентус го сака спортскиот директор на Милан

Јувентус го сака спортскиот директор на Милан

Јувентус сака да го донесе во клубот спортскиот директор на Милан, Фредерик Масара, пренесува „Газета дело Спорт“.

Јувентус се наоѓа во тежок период откако целото раководство си поднесе оставка поради финансиски малверзации.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се очекува до крајот на овој месец да биде избран нов претседател и да биде назначено ново раководство.

Во моментов тренерот Макс Алегри е единствен задолжен за спортскиот сектор, но наскоро треба да биде назначен нов спортски директор.

Најголема желба е директорот на Милан, Фредерик Масара, кој беше избран за најдобар директор во Серија А и кој има голема улога во успесите на „росонерите“.

Меѓутоа, Масара има договор со Милан до јуни 2024 година и италијанскиот шампион не сака да го пушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Реал Мадрид никој не се предава, уверува Флорентино Перес

Часови откако Реал Мадрид речиси сигурно ја загуби битката за титулата во Шпанија, претсед…