Дома Трансфер зона Јувентус го купува фудбалерот на кој Милан не му веруваше

Јувентус го купува фудбалерот на кој Милан не му веруваше

Раководството на Јувентус започна преговори со играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели, пренесува „Тутоспорт“.

Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра.

За него интерес покажуваат неколку италијански клубови, но Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.

„Старата дама“ спрема голема реконструкција и подмладување на средниот ред, па смета дека 22-годишниот Локатели би бил идеално засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…