Фудбалерите на Јувентус утре гостуваат кај Џенова на нашиот Горан Пандев во натпреварот од 28 коло во италијанската Серија А.
Борбата за Скудето е скоро решена бидејќи Јуве има дури 18 бодови повеќе од второпласираниот Наполи и јасно е дека Старата дама ќе ја освои осмата титула по ред во италијанското првенство.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
За Јуве ова беше добра недела бидејќи успеа да обезбеди пласман во четврт финалето во ЛШ на крилата на Кристијано Роналдо, кој во реваншот во Торино го сруши Атлетико Мадрид.
Очигледно е дека Макс Алегри одлучил малку да го одмори својот најдобар играч бидејќи Роналдо не се најде во комбинација за настап на утрешниот натпревар. Не е познато дали има проблеми со повреда или дали Алегри одлучил да го одмори.
Екипата на Јуве за утрешниот натпревар: Шчезни, Кјелини, Касерес, Пјаниќ, Дибала, Сандро, Матуиди, Манџукиќ, Кин, Бонучи, Кансело, Перин, Емре Џан, Ругани, Бентакур, Бернардесчи, Спинацола, Морено, Пинсољо и Николуси Каљавлија.
Покрај Роналдо, утре нема да настапат уште Даглас Коста, Де Шиљо, Квардадо, Барзагли и Сами Кедира, кои имаат проблеми со повреди.