Јувентус минатото лето остана без Жоао Кансело, кој беше продаден на Манчестер Сити, за во спротивна насока си оди Бразилецот, Данило.
Сепак, изгледа дека не се целосно задоволни, Бразилецот се мачи со повредите, па често Квадрадо мораше да игра покрај десната аут линија или во одбраната. Тие сакаат да бидат сигурни, па бараат засилување на таа позиција, а наводно прва желба на клубот е десниот бек на Ајакс, Џоел Велтман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанѓанецот има договор кој истекува летото 2021. година, па би можел да биде релативно прифатлив, а јасно е дека една од причините што во Торино се заинтересирани за него е тоа што со Де Лихт играше одлично во Амстердам изминативе години.
На листата на желби се наоѓаат и Томас Муние од ПСЖ, кој никако да го продолжи договорот со „Светците“, па исто така би можел да биде достапен, потоа Ахраф Хакими од Дортмунд, кој во Германија е на позајмица од Реал Мадрид, но и Јусеф Атал од Ница, како и Дензел Дамфрис од ПСВ, уште еден холандски репрезентативец, кој добро би се вклопил со Де Лихт.