Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ одигра ретко лош натпревар, „четири од четири“ за Портланд 🎥

Јокиќ одигра ретко лош натпревар, „четири од четири“ за Портланд 🎥

Никола Јокиќ два дена после 78. трипл-дабл во кариерата со кој се израмји на шестото место на вечната листа во НБА лигата одигра за него ретко лош натпревар без двоцифрена бројка во ниту една категорија.

Јокиќ во убедливот пораз од Портланд (135:110) постигна девет поени и подели исто толку асистенции. Последен пат ваков учинок Јокиќ имаше во 2020 година против Орландо. За Портланд ова беше и четвртата победа со што останаа единствена непоразена екипа во Западната конференција заедно со Милвоки.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лилард повторно беше лидер на тимот со 31 поен, зад него следуваше Симонс со 29, потоа Грант со 21. Додека во „отсуство“ на Јокиќ кај Денвер најдобар беше Гордон со 26 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Индијана 120-106, Мајами – Торонто 90-98, Њујорк – Орландо 115-102, Чикаго – Бостон 120-102, Хјустон – Јута 114-108, Мемфис – Бруклин 134-124, Минесота – Сан Антонио 106-115, Портланд – Денвер 135-110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…