По подолга пауза, Металург повторно се враќа во натпреварувачки ритам, а наш прв противник е екипата на Војводина, во натпревар од СЕХА-лигата. По повод неделната средба, Металург денеска одржа прес-конференција на која свои коментари имаа тренерот Александар Јовиќ и голманот на Металург Никола Даниловски.
Александар Јовиќ: “Неделниот натпревар јас би го окарактеризирал како дерби на долниот дел на табелата во СЕХА-лигата. По подолга играчка пауза, нѐ чека исклучително тежок натпревар. Екипата на Војводина сега има нов тренер во Касим Каменица, кој добро ја познава нашата екипа. Мислам дека добро ќе се подготват и дека ќе сакаат да ги освојат бодовите во Скопје. Меѓутоа, и ние добро трениравме во изминатиот период и убеден сум дека момците ќе дадат максимум од себе на овој натпревар. Во составот имаме 11 младински репрезентативци и редно е тие да си ја добијат својата шанса и да покажат што знаат. Сега имаме убедливо најмлада екипа во СЕХА-лигата, но јас сум убеден дека и оваа екипа има квалитет и дека младиве играчи имаат потенцијал. Исто така верувам и дека нашиот спонзор Минчо Јорданов ќе најде решение и дека Металург конечно ќе излезе од оваа криза што трае веќе некое време“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Никола Даниловски: “Играме против екипа која се засили и која сега има и нов тренер, Касим Каменица, кој добро нѐ познава од минатата сезона. Сега нашиот тим не е истиот, некои ракометари си заминаа, но верувам дека и сега имаме квалитет“.