Дома Фудбал „Ја одбив понудата од Саудиска Арабија, бидејќи требаше жената да ја претворам во нинџа“ – шокантно интервју на Панков

„Ја одбив понудата од Саудиска Арабија, бидејќи требаше жената да ја претворам во нинџа“ – шокантно интервју на Панков

Српскиот фудбалер и до неодамна дефанзивец на Звезда Радован Панков ги шокираше медиумите со својот став за Саудиска Арабија.

Црвена Звезда во текот на летото се раздели со дефанзивецот кој беше важен дел од неколкуте одлични резултати на европската сцена во претходните сезони, а Радован Панков си најде нов клуб во Полска.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По шестмесечната позајмица во Чукарички, тој потпиша за Легија од Варшава, која ја гледа како отскочна даска за уште посилен клуб и уште посилна лига. Панков изјави и дека имал понуда од Саудиска Арабија, но „не сакал неговата сопруга да стане нинџа“.

Панков во интервјуто откри дека имал понуди од Јапонија и Саудиска Арабија, но дека не размислувал да ја напушти Европа.

Според него, се уште е рано за ваков потег во неговата кариера, а на одлуката влијаела и ситуацијата што ќе му се случеше доколку се согласеше да се пресели во се попопуларната фудбалска земја.

Иако во последните недели бројни светски фудбалски ѕвезди одат во Саудиска Арабија, Панков имаше причина да одбие ваков трансфер.

„Секако, но понекогаш не се работи само за финансиите. Имав добри услови во Црвена. Сè уште сум млад, сакам да се докажам, ќе поминам две до три години во Легија и ќе се преселам во една од најсилните пет лиги.

Се грижам за мојот живот, за своето тело, па мислам дека можам да играм до 35 или 36 години“, рече Панков и продолжи: „Имам уште доволно време да се преселам на исток.Многу важно прашање е семејството со кое е невозможно да се оди заедно во Саудиска Арабија. Децата и жените треба да бидат како нинџи. Не го сакам тоа.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…