Милан ова лето направи вистински „бум“ на трансфер пазарот, донесе девет нови засилувања и потроши повеќе од 200 милиони евра, но раководството не мисли да застане.
Покрај напаѓач од врвна класа кој треба да пристигне на „Сан Сиро“ до крајот на преоднио рок, „росонерите“ се интересираат и за талентот на Флуминенсе, Ричарлсон.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Станува збор за 20-годишен крилен напаѓач кој важи за еден од најголемите таленти во Бразил и е на радарот на многу европски гиганти.
Милан веќе стапил во контакт со бразилскиот клуб, а цената на трансферот би требало да изнесува 15 милиони евра.
Доколку „росонерите“ успеат да го договорат трансферот играчот ќе остане на позајмица во Бразил до јануари, а потоа ќе се пресели на „Сан Сиро“.