Легендарниот Јаја Туре наскоро би можеле да го гледаме на клупата на првиот тим на Тотенхем.
Островските медиуми пренесуваат дека Јаја Торе би можел да биде помошник на Антонио Конте на клупата тимот од Лондон, но паралелно би ги водел и младинските погони. Туре веќе работеше како асистент во прв тим, имаше ангажмани во Олимпик од Доњеск и Акхмат Грозни.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Се шпекулираше дека Туре може на клупата на Олимпијакос чиј дрес го носеше во периодот од 2005 до 2006 година, меѓутоа Тотенхем наводно му спремил подобра понуда.
Се уште е неизвесно дали лондонскиот тим ќе игра во Лигата на шампионите, а многу појасни ќе бидат работите во четврток кога ќе се одигра заостанатиот натпревар во Премиер лигата во кој ќе играат против Арсенал, кој е нивни директен конкурент за четвртото место.
Туре богатата играчка кариера ја заврши надвор од границите на Европа во сезоната 2019/2020 во дресот на Кигдао Хуанхи.