Македонија Ѓорче Петров конечно победи после седум натпревари без триумф.
На дебито на новиот тренер Неџи Шенсои „лавовите“ го победија Работнички со 2:0 и така ги оставија „романтичарите“ на дното на табелата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес Работнички не заслужи да изгуби, меѓутоа не успеаа да ги искористат шансите кои ги имаа во двете полувремиња и резултатот не ја отсликува сликата на теренот.
До водство домаќините стигнаа во 15-тата минута кога кога Јашаровски во стил на голем стрелец се ослободи од своите чувари и погоди за 1:0. Тој резултат беше актуелен се до 70-тата минутак ога Боби Божиновски со прекрасен гол ги постави конечните 2:0.
Останатите натпревари од 14-тото коло во македонската прва лига се играат утре.