Играчите на Баерн Минхен секоја година добиваат нови Audi автомобили на користење од 12 месеци. Таа традиција трае веќе 15 години, а продолжи и оваа година.
Како и минатата година, Audi RS6 беше најпопуларен и најбаран модел, бидејќи повеќе повеќето фудбалери го бараа моќниот караван, а меѓу нив се Хумелс, Жером Боатенг и Тијаго Алкантар. На второ место се Q7 и SQ7 TDI, кои ги избраа Милер и Франк Рибери. Популарен при изборот беше и SQ5, кој сега е во гаражите од Јуп Хејнкес, додека Феликс Геце вози A3 Sportback.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите отпатуваа во Инголштад за да ги преземат своите нови автомобили и ја посетија фабриката која е најголема во сопственост на Audi, а истовремено и втора најголема фабрика во Европа воопшто. Екипата од Баварците имаше можност да види како се произведуваат моделите А3, А4, А5 и Q2. Во оваа фабрика минатата година беа произведени 592.337 автомобили.
Посетата на Баерн во фабриката беше одлична можност за Audi да го покаже својот нов А8 модел, кој е веќе ексклузивно достапен во Европа со V6 мотор. Изложен е и А5 Sportback G-tron, кој може да се движи и на природен гас.