После заминувањето на Мохамед Салах во Ливерпул, раководството на Рома беше во потрага по негова замена, па по се изгледа дека ја пронајде во Премиер лигата.
Според пишувањето на италијанските медиуми Рома постигнала договор со Лестер за трансферот на Ријад Марез, кој би требало да пристигне на „Олимпико“ за вкупно 38 милиони евра.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Волчицата“ за Алжирацот ќе плати 35 милиони евра, плус 3 милиони како бонуси, понуда која ги убеди „лисиците“ да го пуштат играчот иако првично бараа 40 милиони евра.
Riyad Mahrez is increasingly keen on a move to AS Roma, according to @MailSport pic.twitter.com/fG2bqIcikP
— B/R Football (@brfootball) July 30, 2017
Марез во наредните денови треба да пристигне во Рим на медицински прегледи, а потоа ќе потпише 5-годишен договор со Рома.
26-годишниот крилен фудбалер во 2016 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, па сигурно ќе биде големо засилување за „волчицата“.