Романскиот тим вчера ја отпушти Хеле Томсен откако Букурешт славеше со 30-23 против Бистрита

„Да точно е. Уште пред натпреварот знаев дека ќе добијам отказ“, изјави Данката за „ТВ2 Спорт“. „Знаев за тој параграв уште кога дојдов тука, па затоа отказот и не ми е некој шок. Загубивме неколку натпревари во Лигата на шампиони и не игравме баш добро на сите натпревари. Клубот сака да направи промена пред четвртфиналето и јас го прифаќам тоа“, изјави Томсен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Букурешт сезонава финишираше на првото место во групата, но во главната фаза заврши на третото место зад Ѓер и Ростов. Во четвртфиналето во ЛШ ќе игра против Мец. Лани се случи истото сценарио, кога пред четвртфиналето отпуштен беше Орелан Роска, а на клупата на романскиот тим седна Пер Јохансон. Тој го одведе Букурешт до третото место на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Дамјан Митев: Сите знаеме која е Данска, до вчера ти биле идоли, а сега играш против нив! (Видео)

Македонската ракометна репрезентација утре го стартува настапот на Европското првенство, а…