Јувентус лошо ја отвори сезоната и вчера против Специја ја запиша првата победа дури во 5-то коло од Серија А.
Алегри се уште не може да најде баланс во тимот, а проблем е што предност му дава на Квадрадо во однос на Федерико Киеза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат медиумите на Апенините, Карло Анчелоти е силно заинтересиран за Киеза и сака да го донесе во Реал Мадрид.
Јувентус во летниот преоден рок одби богати понуди за Италијанецот, кој одигра одлично на Европското првенство.
Меѓутоа, Алегри е спремен да го продаде за да донесе нова ѕвезда во нападот.
„Кралевите“ се спремни на понудат 60 милиони евра уште во јануари, па останува да видиме што ќе каже Јувентус на оваа понуда.