Дома Трансфер зона Ѕвездата на Реал Мадрид се сели во Катар

Ѕвездата на Реал Мадрид се сели во Катар

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Лукас Васкез доби богата понуда од катарски клуб, пишува „Марка“.

Првично Васкез ја одбил понудата на катарскиот клуб, но подоцна добил подобрена понуда, па агентот го советува да ја прифати.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од Реал Мадрид му дадоа слобода на избор на Васкез, па во наредните денови треба да донесе конечна одлука за својата иднина.

Интерес за 29-годишниот Шпанец покажуваат и неколку европски клубови, меѓу кои и Тотенхем, но единствена конкретна понуда е од Катар.

Васкез беше важен играч за „кралевите“, но во последната сезона одигра само 18 меча и падна во втор план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…