Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да го донесе во својот тим плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско, пренесуваат англиските медиуми.
Иско ќе биде главната трансфер цел на „граѓаните“ во летниот преоден рок и за таа цел веќе спремиле понуда од 75 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
25-годишниот Шпанец веќе размислува да си замине од „Сантиаго Бернабеу“, а со оглед на фактот што „кралевите“ сигурно ќе донесат неколку нови ѕвезди, најверојатно ќе му ја отворат вратата на Иско.
Гвардиола не успеа да го донесе Алексис Санчез во јануари, па сега комплетно ќе се насочи кон ангажман на Иско, кој може да игра на неколку позиции во тимот.
Според извор од „Етихад“ Иско два пати во минатото одбивал да се пресели во Манчестер Сити, но сега е спремен да му се придружи на Пеп Гвардиола.
За Иско интерес покажуваат голем број на европски гиганти, но Манчестер Сити е во пол позиција за неговиот потпис.