Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Манчестер Сити после вчерашниот натпревар си исполни голема желба (ФОТО)

Ѕвездата на Манчестер Сити после вчерашниот натпревар си исполни голема желба (ФОТО)

Давид Силва со години наназад е голема ѕвезда на светскиот фудбал.

Овој 33 годишен фудбалер полека доаѓа до залезот од кариерата, а и покрај бројните трофеи една негова желба оствари дури вчера после натпреварот против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На натпреварот на градските ривали вчера присуствуваше легендарниот дански фудбалер, Михаел Ландруп, кој бил идол на Силва од детството.

Силва имаше голема желба да го запознае Ландруп, а таа желба на крајот и му се оствари. Ѕвездата на Манчестер Сити после натпреварот се фотографираше Ландруп и така на 33 години ја исполни својата голема желба.

Михаел Ландруп заедно со братот Бриан е еден од најголемите дански фудбалери на сите времиња, а во кариерата го носеше дресот на големи европски клубови.

Започна во Брондби, продолжи во Лацио, а играше уште за Јувентус, Барселона, Реал Мадрид, јапонскиот Кобе, кариерата ја заврши во холандски Ајакс.

За репрезентацијата на Данска Ландруп настапи на 104 натпревари и постигна 37 голови, а после кариерата како играч се проба и во тренерските води, но во овој дел од кариерата не се прослави како во играчките денови.

Последен клуб кој го водеше беше катарскиот Ал Рајан, а работеше уште во Свонси, Мајорка, Спартак, Гетафе и Брондби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…