Вчера Челзи на гостински терен ја победи Астон Вила со 1:3 во рамките од Премиер лигата, меѓутоа овој натпревар не помина без проблеми за „сините“.
Тијаго Силва кој прерано го заврши натпреварот ја повреди задната ложа, додека Нголо Канте имал проблеми со коленото. Повредите ги потврди тренерот Тухел кој е повеќе загрижен за Канте.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Повеќе сум загржиен за Канте. Можеше да се види дека има болки. Кога е Силва во прашање мислам дека на време го напушти теренот и нема да има поголеми проблеми. Како и да е веројатно и двајцата ќе бидат во „аут“ за натпреварот во среда“, изјави Тухел.