Ѕвездата на Лајпциг, Марсел Сабицер е се поблиску до трансфер во Ливерпул, пренесуваат медиумите на Островот.
Новиот извршен директор на Лајпциг потврди дека сегашниот состав ќе претрпи големи измени и дека неколку фудбалери ќе го напуштат клубот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Ливерпул веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажува и Тотенхем.
Ливерпул е во преговори со Лајпциг за трансфер на дефанзивецот Конате, па „црвените“ сакаат во „пакет“ да го донесат двајцата фудбалери на „Енфилд“.
Засега не се откриваат финансиските детали од трансферот, кој наводно е пред реализација.