Дома Топ вести Ѕвездата на Динамо Загреб потврди дека се сели во Барселона

Ѕвездата на Динамо Загреб потврди дека се сели во Барселона

Младата ѕвезда на Динамо Загреб и шпански репрезентативец, Дани Олмо потврди дека има понуда од Барселона и дека е пред враќање на „Камп Ноу“.

Крилниот напаѓач на Динамо Загреб игра фантастично и веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Олмо пристигна во Загреб од школата на Барселона во 2014 година како слободен играч, па сега Каталонците сакаат да ја поправат грешката.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека спортскиот директор на Барселона веќе испратил понуда и преговорите се во напредна фаза, а тоа го потврди и самиот фудбалер.

„Се радувам дека Барселона испрати конкретна понуда и дека сака да ме врати. Поминав 6 години во Ла Масија, каде научив многу. Сакам да направам чекор напред, а Барселона секогаш е мојот прв избор“, изјави 21-годишниот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…